ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нулта толеранција за вознемирување на работното место во Министерството за одбрана и во Армијата

Со настанот, со кој МО и АРМ се вклучија и во глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојките“, а се одржа симболично во холот на Министерството каде се поставени портрети на наши историски хероини.

December 6, 2019 16:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вознемирувањето на работното место не е прифатлив дел од работната дисциплина, ниту од работната рутина во Министерството за одбрана и во Армијата, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на промоцијата на Упатството и Водичот за заштита од вознемирување на работното место на која беа доделени и сертификати на 35 родови претставници во Министерството и Армијата, пренесе МИА.

Како што истакна Шекеринска, 35-те родови претставници се советници кои ќе им бидат на располагање на сите вработени во Министерството и во Армијата, а ќе има родов претставник и во кабинетите на министерката, на началникот на Генералштабот, како и во сите единици на Армијата и сите организациски единици на Министерството.

-Родовите советници ќе бидат првиот контакт, првата помош кон сите оние кои што се соочиле со вознемирување и сакаат да го пријават и да добијат помош. На ваков начин ќе покажеме дека вознемирувањето не е дел и не смее да биде дел од работните навики, работната култура и ќе создадеме средина во која што ќе се чувствуваат пријатно и ефикасно и продуктивно и мажите и жените, рече министерката Шекеринска.

Со настанот, со кој МО и АРМ се вклучија и во глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојките“, а се одржа симболично во холот на Министерството каде се поставени портрети на наши историски хероини.

-Портретите на овие историски хероини покажуваат дека македонската жена била прифатена како партнер во војна. Немаме никакво оправдување денеска во мир да имаме дилеми околу нејзината способност и околу нејзината шанса да придонесе кон својата држава, истакна Шекеринска.

Началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски додаде дека Генералштабот има јасен пристап во однос на оваа област и презема конкретни мерки на сите нивоа на командување во Армијата.

-Наскоро ќе биде именуван и родов советник во кабинетот на Началникот. Пристапот е нула толеранција за вознемирување на работните места, апсолутно јасна и гласна транспарентност во функционалноста на Армијата, секој да се чувствува достоинствено, гордо на работното место од аспект на третманот на женскиот пол во Армијата, рече генералот Ѓурчиновски.

Упатството и Водичот за справување со насилство, вознемирување на работно место, вклучувајќи и сексуално вознемирување се изработени во соработка со Канцеларијата на UN WOMEN во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Новите даноци на возила дел од еколошките мерки, нема големи промени во стапките

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk