ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Православните го празнуваат Велигден, државниот врв го честиташе, бројот на нови случаи од Ковид-19 се намалува

May 2, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Православните верници и втора година по ред го празнуваат Велигден во услови на пандемија, но годинава без полициски час, со апели за максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува, од вторник масовна вакцинација на населението  во салата „Борис Трајковски“ и во вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола.

Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај. Во првичната фаза ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински депонии, при што за изведба на работите веќе се избрани две компании од Германија и Турција.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, од утре започнува нова европска турнеја во неколку значајни европски метрополи – Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.

Државниот врв го честиташе Велигден:

Пендаровски: Да шириме љубов и добра мисла и да му се радуваме на животот.

Џафери: Желби за добро здравје, среќа, успеси и радости.

Заев: Велигден со пораката за саможртвата на Христос да ни биде пример со личен подвиг да внимаваме на личното и на здравјето на другите.

Само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22,45 часот, под строги протоколи утре, по пауза од точно шест месеци, во Грција повторно се отвораат угостителските објекти, а во изминатите денови, особено пред Велигден, сопствениците интензивно работеа на подготовките

Бугарија оди кон нови повторени избори веќе во јули, откако не успеа третиот и последен обид за формирање влада.

Официјален Пјонгјанг денеска ги предупреди САД дека ќе се „соочат со тешка ситуација“ бидејќи американскиот претседател Џо Бајден „направил голема грешка“ кога во текот на неодамнешниот одржан говор ја нарекол Северна Кореја безбедносна закана и најавил поостра политика кон таа земја.

Воените и полициските сили на Киргистан и на Таџикистан започнаа со повлекување на своите припадници и воената опрема од зоната на судири долж границата меѓу двете земји, соопшти денеска штабот на пограничните единици на националниот комитет на Киргистан.

Трипл-дабл за историја на Лука Дончиќ. Екипата на Далас триумфираше синоќа во НБА лигата над Вашингтон со 125:124, предводена од расположениот Лука Дончиќ кој уфрли 31 поени, додавајќи и 12 скокови и рекордни 20 асистенции во кариерата.

Ј. Ѓ.

Next Post

Три златни медали за македонските атлетичари на митингот во Бар

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk