ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Историчарите да ги водат разговорите во спорот со Бугарија, без притисок од надвор, порача Мас

May 3, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас, денеска на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, порача дека Германија нуди поддршка преку нивните искуства за решавање на билатералното прашање меѓу Скопје и Софија, но останува ова прашање да се реши на билатерално ниво, а преговорите да ги водат историчарите.

– За нас е одлучувачки она што се однесува до преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија. Минатата година имавме интензивни преговори со партнерите во Скопје и Софија и исто така нудиме и понатаму поддршка со нашите искуства доколку тоа од страна на Северна Македонија и Бугарија е посакувано. Останува овие прашања да се решат на билатерално ниво. Самите вешти лица, историчарите, мора да ги водат во рамки на своите комисии, без притисок од надвор, потенцира Мас.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, посочи дека клучот на решението на проблемот со Бугарија е во Договорот за пријателство потпишан во 2017 како прецизна политичка рамка за разрешување на било кои недоразбирања.

– Во исто време во континуитет имаме искрен пристап кон нашите соседи со посебен фокус кон Бугарија. Веќе оформивме и Акциски план за линиската соработка меѓу двете држави на повеќе полиња. А подготвени сме да влеземе и во суштинска расправа за недоразбирањата што ја оптоваруваат довербата меѓу двете земји, рече Османи.

На последниот, 13. состанок на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, што се одржа на 23 април во онлајн формат, не се постигна никаков резултат, што според претседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев, се должи на политичката ситуација во Бугарија. Тој рече дека разговарале за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна. Наведе дека двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Слободата на медиумите

НАЈНОВО

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

September 16, 2025
Фото: Канцеларија на гувернерот на Јута

Осомничениот Робинсон признал на Дискорд дека го убил Чарли Кирк

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk