Христијан Мицкоски го обвини Шилегов за гаснењето на пожарот во Галичник, село два часа оддалечено од Скопје, во општината Маврово Ростуше. Го обвини и затоа што набавил противпожарна опрема од Будимпешта за Скопје.
„Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони евра. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта…“, објави Мицкоски.
Шилегов му одговори на Мицкоски дека ја замара јавноста со лаги и конструкции, објавувајќи видео од противпожарната скала, и информирајќи дека Скопје веќе прави обука и врши технички прием на противпожарната скала.
„Додека ТИ Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани !!!“, наведува во објавата на Фејсбук, градоначалникот Шилегов.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на крајот од својот статус му порачува на Мицкоски: „Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани… Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди.“
J. Ѓ.