Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен „Толковниот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ со над 100 илјади зборови.
Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.
Потребно е да се упати јасна порака до граѓаните дека европската перспектива на државите од Западен Балкан е јасна, предвидлива и остварлива и дека ЕУ е сериозна кога зборува за проширувањето, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на средбато со европратеник Андреас Шидер, кој е копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија.
“Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живот“, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Андреас Шидер, пратеник во Европскиот парламент од Република Австрија.
Совршен систем не постои никаде во светот, ни во нашата држава. Ни денес не е совршено образованието и нема да биде во догледно време, но првиот чекор на подобрување мора да го направиме затоа што сите истражувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени. Согледани се сите проблеми и се оди чекор по чекор, истакна министерката за образование Мила Царовска во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Современ систем на образование мора да постои и на тоа работиме. Првиот чекор на осовременување мора да го направиме затоа што сите истражувања, сите оценувања укажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во емисијата “10 минути” на ТВ 21.







