ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

May 6, 2021 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати.

–Сето ова е во прилог да им служиме подобро и поефикасно на граѓаните. Така што ќе има средба на претседателот на државата Пендаровски со претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски може да биде само прилог, нема ништо зијан. Ќе соопштат тие се што ќе разговараат, ќе слушнеме, но еве јас да апелирам што и да е нека се бараат решенија нормално, но секако да се почитуваат вредностите за кои огромното мнозинство на нашето население очекува да бидат испочитувани од сите без разлика дали е тоа владата, претседателот, опозицијата или слично за теми за коишто се најавува и дека се разговара, рече Заев.  

Тој повтори дека на последната средби со Мицкоски, а потоа и со Села и Гаши постигнале одреден успех.

–Сите тие дадоа ако не целосен, барем делумен резултат. На првата средба договоривме одлагање на пописот и денеска сите стоиме на одлагање на пописот, прифативме отпечаток на прст, постапките веќе ДИК ги води и ќе го спроведеме ваквиот процес. Баравме за возврат одблокирање на застанатите закони. Верувам дека во иднина овие 27 закони што  се блокирани се уште  во Парламентот, на ваков или таков начин ќе  бидат одблокирани затоа што дијалогот носи кон консензус, а преку тоа граѓаните имаат придобивки, кажа Заев.  

Посочи и дека вториот дел од Законот за државјанство веројатно е решен, но бара тоа да се соопшти од предлагачите, Алијанса на Албанците и Алтернатива и додаде оти вчера бил одржан последниот состанок на работно ниво, а сега следуваат техничките аспекти.

-Вчера се одржа последен состанок каде текстуалниот дел, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива беше разгледан од министерот Спасовски. Јас го прочитав, исто и другите служби што се вклучени, но повикано е МВР. Политички се расчистија дилемите. Сега останува државниот секретар Магдалена Несторовска заедно со пратеничката на Алијанса на Албанците, која беше на работната средба и нивните правни тимови, ова што политички е разговарано да го стават на хартија. И ако е тоа ок, се пушта во Собранието од страна на предлагачите Алијанса и Алтернатива со поддршка на владејачкото мнозинство. Нема веќе амандмани. Преработено е законското решение, ако тоа на крајот се потврди, а треба да се потврди како што е разговарано, логично е дека ќе ги повлечат амандманите, рече Заев.

извор: МИА

Next Post

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk