ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9 отсто и инфлација од 2,2 отсто

May 11, 2021 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во 2023, предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции.  Инфлацијата за годинава е проектирана за 2,2 отсто годинава, што е зголемување во однос на претходната проекција, што изнесуваше 1,5 отсто.

-Во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 отсто што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 проценти (мала нагорна корекција во однос на октомври), а во  2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 отсто, информира на денеска на прес-конференција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска.

Таа појасни дека од аспект на структурата на растот, не се направени позначајни промени, така што и во овој циклус на проекции се очекува растот на БДП, оваа и следната година да произлезе од домашната побарувачка, додека нето-извозот да има негативен придонес.

Според гувернерката, кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 проценти, за разлика од 1,5 проценти во претходната проекција при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 отсто.

Во врска со идните движења во надворешниот сектор, тие, според Народната банка, укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 отсто од БДП во 2021 година, што, како што појаснуваат во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките,  при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината.

Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво.

извор: МИА

Next Post
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Офицер од мисија во Африка со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје

Shortcut

Најново

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk