ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Вработените на УКИМ да се вакцинираат пред испитните сесии, животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре

May 15, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто. Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип, пишува ректорот Јанкуловски во реакцијата испратена до медиумите

Пет недели по примањето на првата доза на вакцина против Ковид-19, заразувањето со коронавирус е намалено за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија спроведена од научници од италијанскиот Национален институт за здравје на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

“Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение.” – напиша на својот твитер профил премиерот Зоран Заев.

Во ракетен напад на израелските воени авиони под урнатините на една трикатна куќа во Газа загина десетчлена фамилија од кои осуммина биле деца. Меѓу загинатите не е Христијан Мицковски, затоа што таа неверојатна политичка шупелка во тоа време во Скопје даваше изјава со која застана на страната на Израел („има право да се брани“) во судирот со „терористичката организација Хамас“. Се разбира дека Израел има право да се брани, како што и Палестинците имаат право да се бранат и да се борат „за својте правдини“. 

Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кудроу и Мет Лебланк снимија специјална епизода во која ќе бидат себеси и нема да ги глумат популарните ликови. Шоуто е снимано без претходно напишано сценарио.

Next Post

СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk