Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на кое, согласно агендата, ќе се разговара за стратешкото воено планирање и адаптацијата на НАТО до 2030 година, операциите, мисиите и активностите на НАТО.
Тој, како што соопшти ГШ на Армијата на Република Северна Македонија, за време на официјалната посета на Брисел, задутре ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на Европската унија на ниво на началници на Генералштабови.
извор: МИА





