ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милановиќ: Тоа што се бара од Северна Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави

May 17, 2021 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави, и на тоа, отворено ќе се спротивставам, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ по самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

Нашата улога тука, посочи Милановиќ, е да им помогнеме на нашите соседи од регионот во процесот на евроинтергациите.

–  Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад. Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја во Македонија, рече Милановиќ.

Тој посочи дека и Словенија и Хрватска имале многу жив и динамичен однос, каде Словенија поставувала некои услови, но, како што рече, никогаш не чувстувал или гледал дека Словенија сака да и наштети на Хрватска или да ја спречи или понижи.

–  Ова што сега е официјална политика на една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија и јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Да се бара од една земја кандидат, која и во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И, на тоа, отворено ќе се спротивставам, рече Милановиќ.

Имаме, нагласи тој, искуство во тоа и не можеш да преминеш преку се.

– Некогаш цврсто се бориш за своите интереси, бараш решение, но ако целта ти е да го уништиш послабиот од себе, само затоа што е послаб. Тоа никогаш не завршува добро. Тоа е една од пораките кои денеска не ја испративме во текстот на заедничката декларација. Разговаравме за граници и не некои нон-пејпери, а не со работи кои се од егзистенцијална важност за земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, изјави Милановиќ.

извор: МИА

Next Post

Бугарија одлучи да се приклучи на договорот на ЕК со „Фајзер“

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk