ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби

May 18, 2021 11:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите,.. да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Законот, нагласи, секако дека не  идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

– Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме  пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше  против Ковид-19 на вакциналниот пункт во Штип.

Бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто, посочи, имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа. – Така што, од тој  аспект, градови или општини како Штип, Струмица,  Велес, со средна големина, имаат по две до три илјади објекти, според нивните  проценки, коишто немаат решен правен статус. Тоа се во најголем дел од објекти  на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства  и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме  решение и начини да ги решеваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих. Поради тоа ова прашање, овој закон е  поднесен во Собранието уште во 2019 година,  доста долго време  во јавнота е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците  и пратеничките групи, изјави Бочварски.

Прашан  дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само  деталани и генерални урбанистички планови.

-Таму дополнително во тој регион има и план за управување  којшто не секогаш се поклопува со деталните урбанистички планови, така што од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа  дали одреден објект во тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој закон сакајќи да го заштитиме Охридскиот регион и културното и природното наследство на државата, изјави Бочварски.

Според него,  граѓаните, субјектите, институциите,… имаат право да поднесат барање за оспорување и  за оценка на уставноста на законот во тој дел,  но од тој аспект  смета дека ова е правилно решение за да се заштити регионот под УНЕСКО и таа одредба во законот воопшто не е спорна.

Прашан како ќе се превенира да нема носење  вакви закони за легализација на нелегално изградени објекти, пред се, во делот на забразување на процедурите за носење на Детални урбанистички планови(ДУП) и Генерални урбанистички планови (ГУП) за општините и зголемување на бројот на градежните инкпектори во општините, коишто во источниот регион за 12 општини не можат ниту да се избројат на една рака, Бочварски со одговор дека ова е суштинско прашање, како треба да се бориме против нелегалните објекти.

-Тоа и го правиме во изминатиот период со покачување на платите на градежните инспектори. Ние и продолжуваме и понатаму со целиот оној пристисок за јакнење на инспекциските служби. Тоа е многу значајно за државата. Тоа е првиот фронт на борба против нелегалната градба, рече Бочварски.

Посочи дека во новиот Закон за легализација на диовоградби внесени се и казнени пенали за граѓаните, кои нелегално граделе.

-Тоа значи дека ако комуналиите во Општина Штип се 50 евра, секој оној што легализира ваков објект ќе треба да плати 75 евра по метар квадратен со цел неговиот објект влезе во правна рамка доколку ги исполнува и сите останати критериуми и услови, за разлика од претходниот Закон, кој беше едно  евро за м/2 и ова е вториот аспект и секако Законот за урбанистичко планирање, што веќе е донесен, Правилникот за урбанистичко планирање, кој е веќе донесен. Ние покажуваме со транспарентни постапки и процеси правиме сериозен фронт и борба против ваквиот тип на градба, вели Бочварски.

Но, какошто рече во моментов мора да се соочиме дека на терен и во општините такви објекти постојат.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Важна е историјата што ја пишуваме сега, груевизмот е ослабен, но сè уште е тука 'ржи, вреска и клевети, масовна вакцинација на политичкиот врв

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk