ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жител на Тетово откако одлучил да не се вакцинира остана без работа

May 19, 2021 10:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Жител на Тетово кој сака да остане анонимен остана без работа откако одлучи да не се вакцинира. Изминативе неколку години тој работеше на брод, но сега од компанијата не му ја продолжуваат работната виза без здравствен документ дека има примено вакцина против Ковид-19.

Тој вели и по цена да гладува нема да се имунизира со вакцина која е создадена за помалку од  година, а која не е тестирана ниту на глувци. Смета дека е лудост да има масовна вакцинација кога од вирусот имаме 0,5 смртност на светско ниво.

„Се работи за вакцина која предизвикува генетски промени во организмот, а знаете дека имаме разни соеви на коронавирусот, сега со таа вакцина ќе се заштитиме од едниот сој , а од другиот не, па сега и за другиот ќе измислат некоја вакцина, а знаете ги има многу и допрва ќе излагаат други соеви, па и со други вакцини за тие соеви треба да се вакцинираме. И сега што сме ние заморчиња и експеримент, па ќе не вакцинираат нон стоп, такво нешто нема да дозволам. Сега тие кои се вакцинирани ќе бидат на некој начин понеотпорни на некој друг сој ако се појави, односно ние невакцинираните ќе бидеме поотпорни на некој нов сој“, вели антиваксерот од Тетово.

Тој смета дека луѓето се дискриминирани. Дури и во времето на сталинизмот имало поголема слобода, тие што биле дезертери во тоа време имале право слободно да шетаат, сега нас ни велат да одиме во шума да се изолираме, оти сме биле општествено неодговорни.

„Ако тој што е вакциниран и е, како што велат, заштитен, зошто тогаш се плашат од нас невакцинираните, нека не остават да живееме како што сакаме. Ова е чист фашизам, или нека ни стават ѕвезда како на Евреите и нека не обележат. Нас кои сме против вакцините не прават прости, не е точно ние имаме податоци, тие кои се вакцинираат слушнале треба да се вакцинираат и само таа информација ја имаат и толку е, тие се прости не ние, ние си имаме свое јас. Сите врвни научници не ги зедоа во предвид. Вирусот го измислија во Вухан лабараторија, која е една од петте во светот за мутации на вирус и сега таа со нејзини соработници ќе ни продава вакцини, од небо се гледа дека ова е чист бизнис кој го уништува човештвото и кој се коси со Европската конвенција за човекови права“, вели нашиот соговорник од Тетово.

Во меѓувреме во регионалниот вакцинален пункт во спортската сала при средното медицинско училиште во Тетово вакцинацијата, како што велат надлежните, се одвива беспрекорно. На почетокот имало мал одзив, но сега интересот е доста голем.

„На почеток имаше мала скептичност околу вакцинацијата. Каква е дали е квалитетна и слично, но сега гледам дека луѓето масовно се вакцинираат, откако увидоа дека нема никакви проблеми со имунизацијата. Значи нема друг начин да се спасиме од овој вирус освен ако не стекнеме колективен имунитет, а тоа можеме да го постигнеме само преку вакцинацијата“, истакна Борислав Јоргаќиевски, директор на Здравствен дом Тетово

Досега во вакциналниот пункт во Тетово се вакцинирани 10.000 граѓани од Тетово, Гостивар и околните рурални општини како и од Општината Маврово – Ростуше. Информациите се дека ниту кај еден од имунизираните не се појавила сериозна компликација по примената вакцина.

Инаку состојбата со коронавирусот во Тетово се стабилизира. Вчера немаше ниту еден позитивен случај на Ковид-19, а моментално има 118 активни случаи на вирусот.

Зоран Димовски

Next Post

Вчера се аплицирани 12.352 дози вакцини

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk