ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Брисел е запознаен со црвените линии за преговорите и од нив нема отстапување, простор за широка јавна расправа за легализација на дивоградбите, Мијалков сепак останува во притвор

May 20, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ, изјави утрово претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Додаде дека се развиваат огромни енергетски проекти со соседна Грција, и според него тоа се важни геостратешки приоритети. Во однос на ветото од соседна Бугарија на пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ, и новите прилики на политичката сцена во Бугарија по парламентарните избори од 4. април, премиерот истакна дека Брисел е запознаен со црвените линии и од нив нема отстапување, надеж дава португалското претседателство на ЕУ.

На вчерашната седница на Владата дискутиравме за законот за легализација на бесправно изградените објекти и оставаме простор да отвориме широка јавна расправа и низ транспарентна постапка да ги отстраниме што е можно повеќе од спорните делови поради кои претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение што беше донесено во Собранието, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни, вели министерот Филипче. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани, а само вчера биле аплицирани 12.211 вакцини.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинување на мерката притвор со понудена гаранција од речиси 11 милиони евра. Предлогот е одбиен и покрај позитивното мсилење од Обвинителствотот за прифаќање на понудената гаранција за пуштање на Мијаклов од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

М. Миткоска

Next Post

Битиќи на средба со амбасадорот на Франција Бомгартнер, заменикот амбасадор на Германија Граф, претставници на Француската развојна агенција и Германското друштво за меѓународна соработка

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk