Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев на прес-конференција по средбата со неговиот португалски колега Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во Софија.
Бугарија е на маргините на интересот на просечниот Македонец. Некаква геополитичка, животна и културна сенка. Никој ништо не знае за тамошната политичка, културна, економска или дури спортска и меѓународна сцена. Таа сенка не дозволува да се развијат омрази за кои говорат во Софија. Во отсуството на комуникација се губи предметот и потенцијалот на омразата. И на љубовта, се разбира, пишува Бранко Тричковски.
Новата заменичка претседателка на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека за неа како личност не е товар, туку предизвик да ја замени досегашната заменичка претседателка Радмила Шекеринска. Верувам и знам дека на многу млади жени кои тогаш почнуваа во политиката, таа им беше идол и веројатно размислувале и сакале да го стигнат тоа нејзино ниво. Радмила Шекеринска е една политичка фигура која остави и ќе остави белег во плурализмот и во општеството, рече Лукаревска.
Назначувањето на Валентина Божиновска за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи, е одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Продолжува трендот на се помалку заболени од Ковид-19, а се повеќе оздраведни, но се зголемува и бројот на вакцинирани граѓани. Паралелно се намалува притисокот во болничките капацитети со пациенти од коронавирусот. За идната недела е најавено да стартува издавањето на македонскиот зелен пасош за патување во странство. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, вчера биле аплицирани 11.646 вакцини.
М. Миткоска





