Чешката полиција соопшти дека го пронашла мажот кој си пукал во главата во автомобилот кој го бркаше полицијата по Острава, откако претходно пукал во болница во тој град.
Претходно чешката полиција објави фотографија од главниот осомничен за нападот од утрово во Универзитетската болница во Острава, кога беа убиени шест лица.
„Полицијата го пронајде возилото, откако беше пријавено дека се чула пукотница. Во моментот се утврдува дека идентитетот на лицето што си пукало во глава“, велат од полицијата, а пренесе Ројтерс.
Полицијата претпоставува дека станува збор за напаѓачот од болница, инаку 42-годишен чиј идентитет не е соопштен.