ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Епохално е делото на Светите браќа благодарение на кое македонскиот и останатите словенски народи самоуверено зачекорија на светската цивилизациска сцена

May 24, 2021 10:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев по повод празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители упати писмо со честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, до Синодот, свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја.

-Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски. На 24 Мај, Денот на сесловенските просветители го одбележуваме епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на кое македонскиот народ, но и останатите словенски народи самоуверено зачекорија на светската цивилизациска сцена, вели Заев во честитката.

Додава дека ова е исклучително значаен цивилизациски процес во чијшто темелот е создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

-Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени, а во тој дух на отвореност денес оддаваме почит на нивното дело заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивното дело и наследство и ја слават со достоинство и чест,  напиша Заев.

Тој додаде дека за извонредното значење на мисијата на Светите браќа говори фактот што денес тие се патрони на Европа, признание дадено од Ватикан, со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи, чие културолошко мото е – единствени во различноста.-Водени од космополитските начела на Светите браќа и нивните ученици, кои спроведоа широка културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои особено е значајна нашата Светиклиментова охридска школа, да покажеме визионерство и преку употребата на алатките кои современата технологија ни ги нуди да се справиме со образовните предизвици на нашето време. Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!“, напиша Заев во честитката.

извор: МИА

 

Next Post
Бранко Тричковски

Превртен бумбар

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk