ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест на вработените во „Еурокомпозит“

-Повеќе од три години се обидуваме да се најде решение за „Еурокомпозит“, но Владата е крајно несериозна, па, најверојатно, нема решение за нашава фирма, велат поранешните вработени.

December 10, 2019 13:51
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Шеесетина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ со блокада на улицата пред компанијата денеска ги продолжија протестите изразувајќи незадоволство од, како што велат, неизвесната иднина, без конкретен инвеститор, плати и без работа во наменската фабрика. За задутре најавуваат протест во Скопје, пренесе МИА.

Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот, изјави дека не веруваат оти има иднина за фирмата поради, како што потенцира, односот на Владата е крајно несериозен и по последната средба со владините претставници од пред 10-ина дена одговорноста се префрла од едни на други“.

-Повеќе од три години се обидуваме да се најде решение за „Еурокомпозит“, но Владата е крајно несериозна, па, најверојатно, нема решение за нашава фирма. Со последниот разговор што го имавме со претставници на Владата, не го решивме проблемот и мислиме дека нема конечно решение за „Еурокомпозит“. Или нека се затвори, или конечно нека проработи, изјави Богданоски.

Тој додава дека од јануари досега им биле исплатени мали делови од заостанати плати и всушност, немаат плата за овие месеци и не им се исплаќа здравствено осигурување.

Според Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“, директорот не си ја врши работата и затоа вработените бараат негова оставка.

-Побаравме оставка и од овој директор кој, очиглено, ништо не прави за работите да се поместат од статус-кво ситуацијата. Кажува дека има работа, а всушност немаме никаква работа, рече Јагуриноски.

Во „Еурокомпозит“ 154. вработени беа прогласени за технолошки вишок и според законот што беше усвоен од Парламентот,  на сите им се иплаќаат придонесите за повеќе од шест годиони, додека 60-ината вработени чекаат инвеститор и извесна иднина.

 

Next Post

Почина пејачката на „Роксет“

НАЈНОВО

Речиси 50% од глечерот Хекторија се распаднал за два месеца

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk