Долгометражниот црно-бел филм „Десант на Дрвар“ премиерно се прикажува во далечната 1963 година. Филмот е инспириран од операцијата „Коњски скок“ во која учествуваат единици на германскиот Вермахт кои, во соработка со усташките и четничките формации, на денешен ден извршиле десант на малото босанско гратче Дрвар во обид да го заробат или убијат водачот на антифашистичкиот отпор, Јосип Броз Тито.
Режијата е на Фадил Хоџиќ кој го пишува и сценариото, во соработка со Бора Ќосиќ. Улогите ги толкуваат Љубиша Самарџиќ, Павле Вујисиќ, Марија Лојк и други.