ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Саем на кариера понуди над 200 работни позиции – шанса за подобра кариера и можности за вработување во Битола

May 29, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и две компании кои имаат над 200 работни позиции беа дел од петиот по ред „Саем за кариера” во организација на Младински Културен Центар- Битола, каде сите кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука, подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.

– Имајќи ги предвид брзите динамики кои се случуваат денес, а кои се јавуваат како последица и во пазарот на трудот, ваквото партнерско делување дава шанса повеќе за оние кои бараат работа и оние кои имаат потреба од вработување на кадри. Треба да делуваме во преквалификациите и дотурот на информации за тоа кој тип на профили се потребни за нудење на работни услуги кон фирмите. Се надевам дека овој проект кој има три делови, прво бизнис старт-ап центарот, саемот на кариера и третиот јакнење на ИТ вештините кај популацијата, сите три дaваат можност младите луѓе, самохраните родители, а воедно и оние кои ги доживеале последиците од пандемијата во својот работен ангажман да добијат шанса повеќе, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Оваа активност е единствена во државата поддржана од Меѓународната организација на трудот, преку фондови на ЕУ, а општина Битола беше еден од многуте апликанти кои беа препознати како единствена проектна апликација која се поддржа и која финишира со ваков голем настан.

– Близу 40 проценти од луѓето од Западен Балкан кои немале странско државјанство или биле со привремен престој во земјите на ЕУ со појавата на пандемијата се вратиле и останале дома. Најголем дел од нив се сѐ уште тука, со можност поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање на сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси, истакна Сашо Додовски директор на Младинскиот културен центар од Битола, повикувајќи се на истражувања од Европската Унија.

Мисијата на „Саемот за кариера” е да информира, мотивира и едуцира невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места.

Исто така една од целите е да ја поврзува бизнис заедницата, продолжува како и мотивирање на младите да останат во својот роден град, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.

– Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза со Covid-19 која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Овде денес гледам и шанса за реално поврзување на бизнис секторот со младите од Битола и знам дека ќе резултира со успеси кои како индикатори ние ги следиме, изјави Наташа Симјановска проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во 2019 година за 23,4 отсто повеќе новосоздадени претпријатија отколку во претходната година

НАЈНОВО

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“ вечерва во Штип

October 15, 2025

Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

October 15, 2025
фото Лајен/Х

Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk