Нашата цел е да создадеме платформа, да создадеме мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што ќе приднесеме одливот на мозоци да се претвори во циркулација на мозоци, односно да ги вклучиме во нашите општествени текови. Ова се однесува на идентификување на видни личности коишто покажале успех во областите во коишто делуваат, во земјите кадешто живеат и делуваат, а ќе бидат идентификувани од страна на дипломатско-конзуларните претставништва со цел да бидат дел од оваа мрежа, вели Османи.
Све живо критикуат, ништо не им е по мерка и мерак. Ако Заев е добар ондак брат му не е у реду, ако брат му е у реду, отиден е татко му, ако и децата му се у реду, ондаку, баба му и дедо му забегале, ти текнуе? Абе тие само кобајаги навијаат за Македонија, а сите ставаат кец у кец на Левски, ти текнуе? Е, од таквите лажни патриоти пател и Вардар и сеа пати Македонија, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
Успешно заврши третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, информира министерот за здравство Венко Филипче. Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
Голем број граѓани денеска ги оставија автомобилите и учествуваа на Денот без автомобили, што под мотото „Улици за луѓе“ се одржа на улицата Васко Карангелески во Аеродром. Оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед.
Се намалуваат бројките на новозаболени. Денес се регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.755 тестирања. Регистрирани се 1.191 оздравени пациенти, а како починати пријавени се 10 лица од кои повеќето се од Скопје.
Туристичко и историско Крушево реално очекува летово да има туристи и посетители од земајва и од странство. Деновиве е потврдено дека ќе се одржи Светското првенство во змејарство во јули и уште два меѓународини купа во август. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски странските гости и вљубеници во алтернативниот туризам веќе се најавени.
М. Миткоска