ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

(ВИДЕО)Тетово се дави во отпад, за загадувачите нема казни, за надлежните никаква одговорност

May 31, 2021 16:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Фотографија: Зоран Димовски/Фронтлајн

Фотографија: Зоран Димовски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Создавањето на мини диви депонии покрај тетовските контејнери е веќе вообичаена слика во градот под Шара, кој го носи епитетот еден од најзагадените  градови во светот.

Често контејнерите се преполни, па сметот од домаќинствата најчесто завршува околу нив, на тротоарите, улиците и јавните површини, од каде се создава неподнослива миризба на овие летни горештини и во услови на пандемија. Но, најчесто сметот од овие места завршува и во останатите делови од градот, а него го разнесуваат кучињата скитници. Граѓаните бараат почист град во услови на пандемија.

„Јавното комунално претпријатие Тетово, треба почесто да го собира сметот особено во стариот дел на градот каде отпадот се собира еднаш во неделата. Тетово веќе стана дива депонија. И во најгорните и во најдолните населби и во центарот на градот секаде отпад. Јавните површини не се чистат како што треба. Срамотa е што доживеаја граѓаните на Тетово, коj порано беше пример за чист град, а сега е пример за нечист град“, истакна една револтирана жителка на Тетово.

Од Општина Тетово се пофалија дека набавиле нови контејнери, а размислуваат да постават подземни контејнери, кои како што рекоа, би го ублажиле проблемот.

„Со подземните контејнери просторно ќе се ослободат  површините, кои ќе бидат почисти, но треба да се внимава што се фрла и каде се фрла. Инаку веќе се набавени 157 контејнери како и 25 нови, кои треба да послужат за рециклирање на стакло како и нова механизација која се очекува да го зајакне возниот парк на ЈКП Тетово и да ја ублажи состојбата на терен со сметот“, истакнаа од Општина Тетово.

Од Еко Герила, велат дека општината многу малку работи на одржување на чистотата во градот, не само сметот кој го има насекаде туку и прашината и калта со години стои на улиците и јавни површини дополнително загадувајќи го воздухот.

„Гледаме дека се чистат јавните површини со метли, ретко може да се види со цистерна со вода да се чисти градот, а ги нема машините за чистење на улиците кои дури се произведуваат во Македонија, не може да се замисли еден град да нема такви машини во 21 век, тоа е исто како едно семејство да нема правосмукалка за чистење на станот, ете, таков е нашиот град како еден дом без правосмукалка“, рече Нгадњим Мемети од Еко Герила.

И на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од преполнети контејнери претежно од отпад од домаќинствата, но и отпад од амабалажа од маркетите кој најчесто ги преполнува контејнерите, но за нив како и за физички лица кои фрлаат смет каде ќе им текне нема казни.

„Досега се направени 15 надзори на правни лица кои направиле несоодветно складирање на смет и на истите им е наложено да направат соодветен договор согласно Законот за управување со отпад од пакување. Овој договор законски мора да го има секое правно лице кое  работи со трговска услужна дејност. Она што е во наша надлежност е доколку утврдиме на лице место кога се фрла ваков вид на смет да го казниме лицето со глоба од 4.000 евра во денарска против вредност или со 50 евра ако е физичко лице“, соопштија од Општина Тетово.

Како и со малите диви депонии, општината го нема решено проблемот и со големата дива депонија во атарот на тетовско Фалише, каде комуналниот смет се претвора пред да се однесе во скопската депонија Дрисла. Но наместо во специјални машини, ѓубрето се истура на земја од малите камиони на ЈКП Тетово, а потоа се товари на големите камиони и се транспортира во Дрисла. Одлагањето директно на земја ја загадува една од најплодните површини во тетовско, како и подземните води и воздухот.

Зоран Димовски

Next Post

Општина Аеродром со јавен повик за кофинансирање на реконструкција на делови од станбените згради

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk