ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алијанса за Албанците во одговор на зелената партија ДУИ: Тетово е опасно место за живеење во кое сѐ уште се зборува за основна хигиена и чиста вода за пиење

June 7, 2021 16:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Абдула Османи, Алијанса за Албанците/ Фото: Зоран Димовски, Фронтлајн

Абдула Османи, Алијанса за Албанците/ Фото: Зоран Димовски, Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

На симболичен начин пред еколошкото дрво во центарот на Тетово кое е целосно исушено, од Алијансата за Албанците ги истакнаа главните еколошки проблеми во градот. Од партија велат дека поради 8 годишното владeење на ДУИ со Тетово, градот се врати во средновековието и наместо да се зборува за развој, сѐ уште се зборува за основна хигиена и чиста вода за пиење.

„Денес во Тетово не се зборува за не изградба на театар, библиотека, градинка и слично, не се зборува за развој. Денес во Тетово се зборува за чист воздух, вода за пиење, преживување и јавна хигиена. Тетово во текот на овие 8 години има средновековни проблеми, град со диви депонии, проблеми со основна инфраструктура и најскандалозно, нема вода за пиење. Но има поплави што им ги одземаат животите на луѓето, секој апел до надлежните односно до општината и владата беше залуден. Ќе го кренеме гласот со протести и активизам, да се ослободиме од овие кои ни го ускратија правото на живот. Тетовци не го заслужуваат ова, сега е време да се ослободиме од тие кои го зголемија бројот на деца заболени од рак“, рече Абдула Османи од Алијанса за Албанците.

Опозиционата коалиција Алијанса за Албанците и Алтарнатива, зачестија со прес конференции на тема екологија, откако ДУИ се прокламираше како зелена партија.

Оттаму еколошкото дрво го посочија како пример за негрижата на ДУИ за животната средина.

Еколошкото дрво поставено во центарот на Тетово во форма на билборд целосно се исуши, а не издржа ниту 6 месеци откако во 2017 година беше донирано од Германија и приватни домашни фирми. Дрвото требаше да ги апсорбира штетните ПМ 10 честички од воздухот, преку мов  засадена во садниците.

Дрвото според еколошките организации, пак, не издржа поради негрижата на Јавното комунално претпријатие Тетово кое требаше само да го наводнува. Но, истото, исто така, беше на мета и на несовесни граѓани кои ги искорнаа и дел од садниците, при што беше демолирана и конструкцијата на еколошкиот билборд.

Еко дрвото е во вредност од  25.000 евра и има ефект како 275 засадени дрвја, а може да го компензира загадувањето од 417 автомобили.

Градското дрво е вертикална конструкција направена од мов, високо е 4 метри, широко 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри.

Овие зелени билборди се веќе поставени во поголемите градови низ светот како што Берлин, Дрезден, Париз, Осло, Хонг Конг. Но, во Тетово поради несовесност и негрижата на институциите не издржуваа ниту една година, иако градот под Шара е меѓу најзагадените во светот.

Зоран Димовски

Next Post

Панел дискусија „Како до родова еднаквост во фудбалот“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk