ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССК ќе издава меѓународен сертификат „Safety Travel Stamp“

June 9, 2021 11:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.

Со овој меѓународно признат сертификат, како што велат од комората, се потврдува дека објектите во целост ги спроведуваат, почитуваат и практикуваат домашните и светските препораки за превенција и заштита од ширењето на вирусот Ковид-19 што создава сигурност кај домашните и кај странски гости.

-Во време на пандемија, со рестриктивни мерки за патување и постојан страв за сопственото здравје, туризмот и угостителството се едни од најпогодените индустрии, посебно кога станува збор за меѓународните патување. Многу е важно да се убедат туристите дека Македонија е безбедна туристичка дестинација, со соодветни протоколи кои гарантираат безбеден престој и патување. Знак за безбеден туризам како меѓународно признат сертификат, е токму она што ќе ни помогне да ја пренесеме пораката дека сме безбедна дестинација и ќе ја вратиме земјава на туристичката мапа на Европа, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора, потенцирајќи дека сега е потребна брза имплементација на овој сертификат и негова промоција во земјава и во странство.

Тој истакна и дека со промоцијата на овој сертификат треба да се почне веднаш и треба да ја спроведат приватниот сектор, како и државните институции, преку информирање на своите партнери во земјава и во странство со цел што поскоро да го вклучат и самите тие овој сертификат во пакетите кои ги нудат за патување во земјава.

Сертификатот може да го добијат тур-оператори и туристички агенции, автокампови, ресторани, кафетерии, хотели, мотели и други видови на алтернативен туризам. Аплицирањето за добивање на сертификат се врши преку интернет платформа https://safetravels.gov.mk, каде заинтересираниот правен субјект поднесува барање за добивање на сертификатот.

Овластувањето за имплементација на „Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување го издава Светскиот совет за туризам и патување (WTTC), а во нашата земја се имплементира со поддршка на Министерството за економија и Швајцарска амбасада. Со развојот на оперативни параметри кои значат безбедно патување, WTTC создаде печат за оние кои ги аплицирале и се придржуваат до здравствените стандарди и овозможуваат безбеден престој на туристите.

Главната придобивка од воведувањето на овој „Safety Travel Stamp” е тоа што ќе го поттикне домашниот туризам и ќе ја зголеми довербата за нашата земја како дестинација кај странските туристи. Сертификатот им овозможува на туристите полесно препознавање на компаниите и дестинациите кои работат според глобалните, стандардизирани протоколи за заштита од Ковид-19.

Со воведувањето на овој сертификат се влијае и на подигнување на свесноста за важноста на туристичко-угостителскиот сектор како генератор на економски раст и развој.

извор: МИА

Next Post

Кој не го почитува Преспанскиот договор, како ВМРО-ДПМНЕ, носи дестабилизација – нов декрет на Бајден

Shortcut

Најново

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk