ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Акцијата за уривање на објектите на плажата „Куба Либре“ во Охрид под силно полициско присуство

June 9, 2021 13:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под силно полициско присуство утрово започна уривањето на објектите на една од најрепрезентативните плажи во Охрид, плажата „Куба Либре“ . Правните застапници на концесионерите обвинуваат за незаконска постапка. Велат има грубо кршење на законите, јавното наддавање за концесија сè уште не е завршено по вина на локалната власт  и не добиле решение за уривање.

„Сметаме дека има сериозно пречекорување на овластувањата од општината да решаваат надвор од правните регулации, односно раководење со крајбрежјето на овој начин е недозволиво. Струјата е исклучена противзаконски, објектот не работи очигледно имаме добра волја кај сопствениците да се постапи согласно упатствата на општината наложени од УНЕСКО, но сметаме дека е претерано покажување на сила“, вели Михаил Кичеец адвокат на „Куба Либре“.

Сопствениците на објектите поднеле барање до општината за одлагање на процесот на отстранување во сезона затоа што штетите се огромни, ќе бидат загубени голем број работни места, што ќе има последици и врз туризмот.

„Имаме штета од спреченост на работа и секако се заканува ризик од колабирање на повеќе сериозни економски субјекти, кои во овој момент се надеваа дека ќе се изнајде решение за нивниот статус , но истото не се случи. Штетата не е изолирана само на фирмите кои обавуваат дејност  туку на повисоко ниво значи страда целиот туристички сектор во Охрид“, додава Кичеец.

„Ние најдовме начин по старата концесија да си плаќаме кирија и таа е платена заклучно со 28.02. 2021 година. Да не се прави лажна слика дека правиме некаков криминал. Не е точно дека сме заработиле 190 милиони денари профит. 516 илјади евра се во ре инвестиција, 300 илјади евра се данок кон државата и сите платени концесии. Се трудевме да бидеме светла точка во угостителството, пример сме во Охрид и во државата“, вели Хари Маловчев менаџер на „Куба Либре“.

Од општината велат по завршувањето на Куба Либре, акцијата продолжува на плажите „Кадмо“ и „Бела Виста“, а потоа  на потегот кон населбата „Канео“.

„Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите. Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките. Никој не може и не смее да биде над законите и интересите на Охрид!“, стои во соопштението од Општина Охрид.

Концесионерите на плажите најавија жалби и постапки во надлежните институции.

Соња Рилковска

Next Post

Синдикатите во Грција за утре закажаа генерален штрајк

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk