ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Уживаме во штабот украсен со велелепни лустери, црвени теписи и махагони, се бориме против Брисел и Вашингтон, скандалозна снимка со гласот на Жугиќ, срушувањето на дивоградбите во Охрид добива силна поддршка

June 10, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова што ви го зборувам се зборовите на почитуваниот претседател Христијан Мицкоски. Јас не настапувам самостојно, не се ова мои идеи и пораки. Оваа фаза на посети на општинските комитети е да ви ги пренесам неговите пораки“ се слуша на аудио снимката која што се појави на Јутјуб и на која се слуша гласот за кој се тврди дека е на Јелена Жугиќ. На крајот на снимката која денес осамна на Јутјуб, гласот за кој се претпоставува дека е на Јелена Жугиќ кажува за удобно опремените општински комитети и седиште на партијата. „Седиме во удобни општински комитети со парно, убави столчиња. Централата ни е со велелепни лустери, црвени теписи, со махагони и чувствувото ни е дека сме конфорни. Јас не можам да седам на овие состаноци, јас сум тргната во војна“ вели Жугиќ.

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео порака се обрати на регионалниот форум „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“. Пендаровски, како што се наведува, ја нагласи потребата од механизми за рано препознавање на финансирањето на тероризмот од страна на организациите што се кријат зад формалните имиња од невладиниот сектор. 

Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески.

Комитетот на министрите на Советот на Европа, во одлуката донесена за спроведувањето на пресудите во предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, што се чини, барем делумно, дека претставува поголем проблем на неодобрување од нивните цели. Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за овие прашања до 1 декември 2021 година.

Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД, еден од нашите најблиски сојузници, кон и за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање, по воената свеченост на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) со која се одбележува Денот на единицата.

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), врз основа на примена жалбa од Бранко Героски, донесе одлука, дека се отфрла како неоснована Жалбата на Бранко Героски за сатиричниот текст „Камчев конечно поднел документи за посвојување на Геро“, објавен на Фронтлајн, известуваат од СЕММ.

M. Миткоска

Next Post

Заев во Париз на средба со францускиот претседател Макрон

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk