ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје, градбата ќе се интензивира за остварување на европската агенда за поврзување на целиот регион

June 11, 2021 14:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Добрите намери со кои беа поплочени повеќе најави досега, сега се преточени во конкретни, реални и најважно од сѐ – остварливи цели. Реалност, затоа што парите се обезбедени, вкупно 165 милиони евра. Реалност, затоа што имаме комплетно готов проект и затоа што привршува тендерската постапка за избор на изведувач. Реалност, затоа што следува градба на пругата оваа 2021 година. И конечно реалност, затоа што овој проект го придвижуваме заедно со нашите партнери од Бугарија. Тендерот е распишан, со изборот на изведувач започнува тридецениската желба да се реализира. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион. Затоа денеска со мене е мојот колега од Бугарија. Ги засукавме ракавите и заедно, реалноста за која што денеска зборуваме да ја оствариме“, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.

Локвенец и Папукчиски остварија средба во просториите на ЈП „Железници на Република Северна Македонија“, на која присуствуваа и претставници на делегацијата на Европската Унија во Скопје кои дадоа силна поддршка за реализација на проектот и продлабочување на инфраструктурната соработка. Потоа, заедно го посетија градилиштето, делот од Коридорот 8, Режановце, првата делница од Куманово до границата со Република Бугарија.

Папукчиски искажа благодарност за брзата реакција и изразената подготвеност за продолжување на редовни работни состаноци за изградба на железничката линија Софија-Скопје.

„Овде, сите сме свесни за нашата одговорност во однос на реализацијата на Паневропскиот транспортен Коридор 8, којшто ќе го поврзе Јадранското море со Црното Море преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Знаете дека во моментов во ДП НКЖИ се спроведува проект за техничка помош за подготовка на проектот за модернизација на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија, којашто е дел од главната мрежа и делумно поминува долж Коридорот Ориент-Источен Медитеран. Инвестицискиот проект предвидува изградба на железничка магистрална пруга за опслужување на населението, домашниот и меѓународниот товарен сообраќај. Овој проект ќе обезбеди оперативна компатибилност на инфраструктурата, опремата, системите за управување, експлоатација и безбедност, како и поврзување со европските железнички мрежи преку примена на унифицирани стандарди и во согласност со барањата на Трансевропската транспортна мрежа. Во моментов, железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево има вкупна должина од 139 километри. Брзината во делот варира од 70 до 100 километри на час, со одредени ограничувања од 40 до 75 километри на час. По спроведувањето на проектот очекуваме брзината да достигне 130/160 километри на час. Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски.

Локвенец и Папукчиски искажаа силни заложби за вложување на професионалните компетенции, желба и одговорност за реализација на железничката линија којашто ја преминува границата меѓу Бугарија и Северна Македонија – тунелот Деве Баир.

Дополнително, двајцата потенцираа дека сето ова не би било возможно без целосна поддршка од Европската Унија и практичното спроведување на основните принципи на европската солидарност.
Next Post

Царовска: Нема подобра алтернатива за државата од вложувањето во квалитетно образование на младите

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk