ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

June 15, 2021 19:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова беше историски самит. Ќе остане во аналите како наша прва шанса не само да сте на масата, туку да бидете присутни во целиот процес, рече вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со првиот Самит на Алијансата на кој земјава учествуваше како рамноправна членка.

-Огромна е промената од тоа да бидете некаде во Коминикето спомнати како држава во конфликт, како држава со надеж дека ќе стане членка која на крај заврши со вето и да се провлекувате се подолу на агендата само со политичка желба дека некогаш ќе станете членка, до оваа ситуација кога членството на Северна Македонија во НАТО се смета како еден од успесите на Алијансата и како доказ дека отворените врати не биле само теоретски, истакна Шекеринска.

Прашањето за спорот со Бугарија и почнувањето на преговорите со ЕУ од нашата страна, според министерката, се отворило на секоја од билатералните средби, и официјални и неофицијални, и на „масата“ и во ходниците.

-Ова беше прашање со кое почнувавме и завршувавме. Консензусот е многу силен и во рамките на НАТО и во групата земји-членки на ЕУ дека е тоа навистина неопходно, потенцира Шекеринска, навраќајки се на изјавата на францускиот претседател Макрон кој кажа дека земјава заслужи почеток на преговорите.

Овој пат, додаде Шекеринска, беше јасно дека Франција нема да блокира, но изјавата на Макрон не е доволна.

-Ние овој проблем и со поддршка на НАТО и со поддршка на членките на ЕУ мора да го решаваме. Тоа не значи дека треба да бидеме наивни и да мислиме дека некој друг ќе дојде со пакетчето и ќе каже „ова е решението“. Прво ние треба да бидеме најзаинтерсирани за решение, а второ, мора да бараме дополнителен ангажман и од страна на европските партнери. За нас е многу важна поддршката на Франција која ќе биде малку посуштинска да си ја одработиме и дополнително, не да зависиме од тоа дали францускиот претседател ќе има резерви околу проширувањето на ЕУ, околу нас или околу Албанија. Земјава мора да ја заврши и својата домашна задача, рече Шекеринска.

Нашиот проблем, напомена, е политички. Последниов период инвестиравме во повеќе контакти и обиди да ја заинтересираме Франција, што вроди со плод. Членството во НАТО, пак, е важниот влог за членството во ЕУ да биде достижно.

-За да побарате помош не треба да треснете на масата. Доволно е да ги кажете своите аргументи. На Самитот беше спомнато и многу отворено дека целта на НАТО не е само пасивизирање на регионот, туку и шанса за негов напредок. Самитот изобилуваше и со коментари колку НАТО и ЕУ треба заеднички да работат, истакна министерката.

На НАТО Самитот, како што информира Шекеринска, неколку претседатели на земји членки предложиле годинава, кога ќе се работи на новиот стратешки концепт на Алијансата, да се дискутира за потребата државите да се обврзат на вид етички кодекс или кодекс на однесување при што клучното прашање би било да имаат многу попроактивен однос во решавањето на меѓусебните пробелми.

извор: МИА

Next Post

Денес се регистрирани 29 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk