ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

December 13, 2019 14:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции, пренесе МИА.

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

– Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни изборите, истакна Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.

Дуковски порача сите забелешки што пратениците ќе ги дадат на законот да бидат конструктивни, со амандмани на конкретни членови и апелира да се воздржат од собирање политички поени пред избори.

– Веќе неколку месеци како да има некоја невидлива сила која што намерно го кочи законот да не биде изгласан во Парламентот. Со тоа сите компании кои имаат инвестирано милионски суми во евра во своите бизниси губат и многу е можно целосно тој бизнис да пропадне во земјава и државата да ја изгуби огромната шанса, што се уште и се укажува, а тоа е да биде лидер во продукцијата на медицинскиот канабис, рече Дуковски.

Со одолговлекувањето на донесување на законот, според Дуковски, губат сите кои инвестирале во овој бизнис, илјадници семејства кои што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу, како што рече, губи државата и огромни средства кои би се слеале во буџетот, како и можноста да се позиционира како европски лидер во оваа бранша и на производствено, но и на научно-истражувачко поле.

Во делот на гаранцијата, Дуковски рече дека се прифатени нивните барања и гаранцијата сега е смалена на 300 илјади и цени дека таа е смалена со добри образложенија и добри емпириски истражувања, затоа што во интерес на сите е што повеќе инвеститори да влезат во земјава и да се отворат повеќе работни места.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk