ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Линде: Јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на Северна Македонија

June 22, 2021 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Aн Линде, министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ.
На состанокот е пренесена јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на нашата држава, бидејќи како што е констатирано државава успешно ги сработи реформите што беа нотирани како обврска од европската агенда.
Премиерот Заев се заблагодари на министерката и претседавач со ОБСЕ Линде за големото принципиелно пријателство од Шведска и континуираната поддршка што ја добива Северна Македонија во демократскиот развој на нашата држава.„Комплетно ја спроведуваме европската агенда внатре во државата и променивме многу работи на подобро во квалитетот на животот на граѓаните. Цврсто сме определени да продолжиме да бидеме пример на држава секогаш насочена кон изнаоѓање решенија, бидејќи тоа е европски начин на однесување. Функционална Европска Унија е потребна не само на земјите членки на ЕУ и на Западен Балкан, туку и на светот бидејќи станува збор за вредности коишто водат напред и за кои што сите треба да се заложуваат“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, рече дека е чест за нашата држава што ќе претседава со ОБСЕ од 2023 година, дека тоа е признание за придонесот на Северна Македонија како функционална мултиетничка демократија, како и дека со искуството што го има нашата држава во решавањето на проблемите и отворените прашања, ќе даде силен придонес кон изнаоѓање решенија во предизвиците.

Шведската министерка Линде, се заблагодари за денеска враченото постхумно признание за поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Анa Линд, за придонесот во меѓународното етаблирање на државава, а по повод 30 годишнината од независноста на нашата земја.

Next Post

Најтопло во Демир Капија, измерени 37 степени

Најново

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk