ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Диктатурата ослободува!

June 25, 2021 12:15
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јас конечно ги разбрав луѓето што преферираат да живеат под јаремот на диктатурата. Тоа е вистинската слобода, а не демократијата!

„Како тоа? Што му стана на човеков? Па цел живот се залага за демократија, за човекови права, за еднаквост!“ – ќе речете со право. Навистина, време е, кога човек ќе созрее да ги увиди своите грешки, колку и да се тие големи.

Токму во духот на демократијата, пожелно е да се погледне и низ призмата на оние со кои не се согласуваме, да зачекориме за миг со чевлите на оние што веруваат во нешта спротивни на нашите гледишта. Затоа, треба конечно да сфатиме дека, всушност, демократијата не е добра, а диктатурата е добра. Зошто Автократот или Диктаторот е добар, а Демократот не чини?

Диктаторот ослободува!

Имено, диктатурата ги ослободува луѓето од неколку тешки граѓански обврски, на пример, да учествуваат во носењето на одлуките. Автократот има своја мрежа на послушни и ефикасни апаратчици кои го одржуваат системот како што ќе им каже владетелот. Луѓето се ослободени и од тешкото бреме на критиката, не мора да ги следат јавните финансии, не се заморуваат со реформи, ревизии, транспарентност, одговорност… Проклетството на знаењето и на свеста се заменува со една бескрајна благотелешка одземеност, со блаженство. Замислете сите да почнат да размислуваат со своја глава. Хаос!

И реформите… Зошто некој би правел реформи? Чувството на непроменливост на состојбите е незаменливо. Наместо реформи, автократијата нуди прецизна и добро разработена машинерија во која послушните се повластени, а сите останати се непријатели. Јасно како ден. Што има подобро од тоа?

Воедно, не се сосема оставени на страна од најважните државни прашања – луѓето имаат неколку свети обврски: да ја чуваат државата (а тоа значи владетелот) од внатрешните и надворешните непријатели. Кои се внатрешни и надворешни непријатели ќе им се каже „од горе“, тие се ослободени од потрагата по нив. Во принцип, секој што не мисли како владетелот, претставува опасност и закана.

Ако диктатурата води кон изолација на земјата – уште подобро. Не ни требаат другите, и онака само сакаат да го земат тоа што ние го имаме и за возврат да ни го посеат семето на сомнежот и раздорот. Изолацијата од надворешниот свет е привилегија, а не опасност. На крајот на краиштата, диктаторите никогаш не се сами. Секогаш има „братски народи“ обединети од диктаторите на различни краишта на светот. Тие се богатството на цивилизацијата!

Прогресот е преценета категорија. Тој носи многу опасности и го храни погубното чувство на неизвесност. Секогаш е можно да не успеете кога сте во трка кон подоброто. Затоа е подобро воопшто да не се обидувате. На крајот на краиштата, владетелот знае најдобро, нели? Тој е опкружен со верни извршители кои само спроведуваат тоа што ќе им се каже.

Автократот ги контролира парите во државата. Точно се знае кој располага со парите! Тоа не смее да биде доведено под никаков сомнеж. Парите ги даваат луѓето, ама му припаѓаат на владетелот, за да владее. Ако некој се осмели да го проблематизира трошењето на јавните пари, тогаш на сцената стапуваат полицијата, судот и медиумите, да му го загорчат животот на дрзникот. Тие се ефикасни и не оставаат простор за дискусија и сомнеж.

Автократот ја ужива поддршката и од верските лидери. Тие се дел од системот кој на луѓето им обезбедува спокоен живот, без размислување и сомнеж, без страв од неизвесноста што ја носи иднината. Се знае: Биди послушен и богобојазен и ќе одиш во рајот, вечно ќе живееш.

Сомнежот и критиката водат кон пеколот и за време на животот и по него.

Луѓето не мора да бидат премногу активни. Тоа е луксуз во кој веруваат оние што мислат дека граѓаните треба да учествуваат во општествено-политичкиот живот. Глупости! Зошто, по ѓаволите, треба граѓанинот да контролира нешто и да учествува во нешто за кое не е платен?! Да се биде субјект и државјанин е далеку поблагородно. Чувството на припаѓање носи спокојство, мир, извесност. А кога некому му припаѓате (на владетелот), тогаш сте поштедени од кошмарот на активното учество.

И за изборите, машинеријата на диктатурата ќе се погрижи да биде соодветен изборот на луѓето за тоа кој треба да ги води. Сите се третираат како поданици. Ако се загрози послушното мнозинство, се вклучува индустријата на изборен инженеринг. Приказната завршува пред и да започне.

Навистина, сосема е доволно што луѓето работат по осум или повеќе часови во текот на денот. По завршувањето на работата, тие сакаат да појдат дома, да бидат со семејството, да се одморат. На ТВ сакаат да видат убави вести што за нив ги одбрале медиумските (пропагандните) шефови. Потоа, да појдат во храмот и да му се заблагодарат на соодветниот Бог за спокојниот живот, а секако и да се помолат за долг живот на нивниот Владетел. И да ги проколнат непријателите на народот, се разбира.

 


Cartoon by Frank Cotham, New Yorker

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk