ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски во Охрид се сретна со колегите од Косово и Босна и Херцеговина

June 25, 2021 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше домаќин на церемонијата во Охрид по повод свечено усвојување на Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, на која присуствуваа колеги од земјите од Западен Балкан, засегнати како од предметната област, така и од теми на споделен интерес, ја искористи можноста да реализира две билатерални средби.

Во рамки на првата билатерална средба на министерот Спасовски со косовскиот колега Џељаљ Свечла беше потпишан Протоколот меѓу министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Косово за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки. Целта на овој Протокол е воспоставување на заедничка соработка во насока на поддршка на стратешките цели за обука и развој на ниво на професионална и континунирана едукација во областа на јавната безбедност и во областа на полициското работење.

Министерот Спасовски оствари средба и со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ, со кој разговараа на повеќе теми, меѓу кои и за Иницијативата за склучување Протокол меѓу двете министерства за соработка во областа на заедничките обуки, преку кој ќе се регулира развивањето, координацијата и спроведувањето на програми на ниво на професионална и континуирана едукација, студиски посети за советување и координирање стандарди, обука, развивање на наставни програми, поддршка на менторство, како и размена на информации, искуства и можни заеднички проекти.

Двајцата министри разговараа и за Иницијативата за склучување Протокол меѓу двете министерства за формирање Заеднички работни тимови, со што ќе се придонесе кон остварување директна соработка помеѓу двете полиции и нивните работни тимови од аспект на преземање дејствија на териториите на двете држави, а се однесуваат на размена на информации за конкретни кривични дела за осомничени лица или сторители, за резултати од криминалистички истраги, за искуства кои се однесуваат на појавата на нови кривични дела, за заеднички операции или дејствија и можните закани, како и соработка во следење на осомничени лица и потрага по лица кои имаат поврзаност со кривични дела и вршење дејствија за идентификување на лица.

Трета област за која дискутираа, а која всушност е постојано и насекаде присутна, е трговијата со луѓе. Со цел интензивирање на соработката во оваа област, од страна на министерот Спасовски беше иницирана постапка за склучување меѓусебен Договор/Протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе. Склучувањето на еден ваков документ ќе придонесе кон зајакнување на соработката помеѓу државите, а со тоа и интензивирање на размената на информации во однос на идентификацијата на (потенцијални) жртви на трговија со луѓе, нивната помош, заштита, како и гонењето на сторителите на овој вид криминал. Вакви документи нашата држава веќе има склучено со Република Албанија, Република Србија, Црна Гора, Република Косово и Република Бугарија, а во тек е спроведување ваква постапка и со Република Грција.

извор: МИА

Next Post

Вчера се аплицирани 6.282 вакцини

НАЈНОВО

Скриншот

Пезешкијан: Сакаме мир, но нема да попуштиме под притисок за нуклеарната програма

November 7, 2025
Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk