Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.
Општина Карпош, како една од десетте нововклучени општини во проектот за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и буџетот, преку координаторот за еднакви можности ги презентираше сопствените комуникациски протоколи за родова еднаквост во општините на патот кон создавање целосно родово одговорна општина
Благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево отпатува за Сараево, Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите.







