Репрезентацијата на Холандија вчера загуби од Чешка (0:2) во осминафиналето на ЕВРО 2020, пораз којшто може да го чини отказ селекторот Франк де Бур.
Многу членови на Фудбалскиот сојуз на Холандија се разочарани од овој резултат, па Де Бур со голема веројатност ќе биде разрешен од функцијата, пишува новинарот Николо Шира.
Педесет и едногодишниот Де Бур ја презеде репрезентацијата на Холандија во септември 2020 година.