ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Жителите на Лабуништа се закануваат со протести и блокади доколку продолжи пустошењето на шумите на Јабланица

June 28, 2021 14:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соголувањето на  шумите во атарот на струшките села Лабуништа, Боровец и Подгорци  трае со години.  Концесионерите, но и дивосечачи од  околните села  и од соседна Албанија потојано вршат нелегална сеча.

Активистите од Здружението за екологија „Натура лаб“ обвинуваат за негрижа и масакр на буковата шума. Загрижени, велат дека се прави голосек кој ќе предизвика поплави и свлечишта, а надлежните не преземаат ништо.

Најголемата закана  е загадување на изворите кај Горна Белица, поради што дваесетина илјади жители од околината ќе останат без вода.

„Немаме против разредување на шумата од страна на концесионерот, но не загрижува нерегуларната сеча која прави непоправливи штети врз животната средина. Ова е опустошување на шумите. Бараме увид, бидејќи  ударно ни е водата, надлежните да утврдат  дали има простор за сечење во близина на изворите , ние како екологисти сметаме дека голема е опасноста народот да остани и без дрва и без вода“, вели Алим Салоски претседател на  „Натуралаб“ од Лабуништа.

Жителите од Лабуништа бараат инспекторатот за шумарство и шумската полиција да направат увид и засилени контроли на терен, за да се спречи масакарот на шумите на Јабланица.

„Да дојдат од Скопје надлежните, бидејќи овие инспектори во струшко не преземаат ништо. Да видат на терен дали е тоа регуларна сеча, ние како што гледаме тоа е масакр. Токму кај што треба да носиме вода за во новиот басен тука се сече, замислете пробивање на нови патишта на 2000 метри надморска височина,  шумата е опустошена  тоа е катастрофа“ , вели Едис Мемишоски активист од Здружението „Натуралаб“.

Полицијата  во повеќе  наврати одзеде голема количина дрвна маса, која нелегално се транспортираше  од планинскиот појас на патот Струга-Дебар. При секоја заплена на дрвокрадците им се  одземаат коњи, џипови, камиони, алатот за сеча  и огревното дрво.

„Полицијата активно е вклучена во сузбивање на дрвокрадството. Во февруари годинава на регионалниот пат Струга Дебар, кај Мороишки мост при контрола од страна на полициските службеници беше затекнат  камион целиот натоварен со огревно дрво кој што всушност беше нежигиран и без соодветна документација. Последниот случај на фатени дрвокрадци  беше на локалниот пат Струга Белица“ , вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Доколку продолжи нерегуларната сеча на шумите, а надлежните не преземат мерки за спречување  лабуништани се заканија со нови  протести и блокади. Изминативе неколку години активистите од струшко во повеќе наврати организираа масовни протести.

Соња Рилковска

Next Post
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk