ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Finance Think: Еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените со постојан и можен преносен ефект

June 29, 2021 10:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени.

Ова го порачува Finance Think во моделската оценка за ефектите од намерата за воведување еколошка такса од 3,5 денари за литар гориво (4,13 денари со вклучен ДДВ), со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт. Според нив, воведувањето на еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените со постојан ефект и може да има преносен ефект врз цените на другите добра и услуги за чие произвoдство горивата се инпут.

-Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет, велат од Finance Think.

Силно препорачуваме, нагласуваат, да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата.

-Во тој контекст, препорачуваме Владата да преземе акција со која ќе го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија. Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање, на пример, издавање зелена обврзница, посочуваат од Finance Think.

Прецизираат дека зголемување на цената на горивата од еден процент, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,02 и 0,05 проценти. Оттука, додаваат, воведувањето на еколошката такса во висина од просечни 6,2 проценти од цената на литар гориво ќе придонесе со дополнителни 0,15 до 0,3 проценти пораст на општото ценовно ниво на краток рок.

Според нив, долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, и може да е позначаен бидејќи еколошката такса е перманентна промена.

-Еден процент зголемување на цената на горивата, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,14 и 0,16 проценти на долг рок. Оттука, долгорочно гледано, воведувањето на еколошката такса ќе придонесе со дополнителни 0,8 до 0,9 проценти пораст на општото ценовно ниво. Ценовно зголемување кај горивата вообичаено го зголемува општото ценовно ниво (инфлацијата) на сосем краток рок, односно во првиот месец по зголемувањето на цените на горивата. Оттука, ценовниот ефект од еколошката такса би настанал веднаш, нагласуваат од Finance Think.

Потоа, посочуваат, зголемување се забележува и помеѓу седмиот и 15-тиот месец од воведувањето на еколошката такса (ефект кој е статистички значаен), а потоа исчезнува.

-Тоа потенцијално укажува дека освен еднократниот ефект, може да се очекува одреден понатамошен преносен ефект од воведувањето на еколошката такса во висина од долгорочниот коефициент од 0,14 проценти, велат од  Finance Think и истакнуваат дека воведувањето на еколошката такса се случува во време кога нерамнотежите кај повеќе добра и услуги на глобалниот пазар, предизвикани од пандемијата, вршат одреден привремен притисок врз цените на глобално ниво.

извор: МИА

Next Post

Самит „ЕП – Западен Балкан“: ЕУ да ги исполни ветувањата и да го забрза процесот на проширување

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk