„Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“, вели во изјавата за ДВ, Марија Вирџиниа Мендес да Силва Пина, португалската амбасадорка во Република Северна Македонија.
Владата на денешната 83-та седница донесе одлука за доделување финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници. За секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице.
Реформите во основното образование се насочени кон зголемување на аналитичкото и критичкото размислување со што учениците полесно ќе може да направат разлика за тоа што не е во ред и што е правилно.
На патот кон градењето на модерна, развиена и земја со европски стандарди, еден од главните фокуси на делување на институциите на Република Северна Македонија е ефикасната борба против корупцијата.
Владата на денешната седница ја разгледа информација со компаративна анализа на увозни давачки при набавка на електрични и хибридни возила, споредени со увозни давачки при набавка на возила со дизел или бензински погонски мотори.
Владата на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование, согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.





