Утре, 15 декември, во Скопје со почеток од 13 часот во салата „Борис Трајковски“, СДСМ ќе одржи Граѓанска трибина „На прав пат“.
На трибината ќе се обратат:
– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,
– Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и
– Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Ајде заедно, од Скопје, уште еднаш да го потврдиме вистинскиот пат. На прав пат сме и горди сме на тоа!
Тоа е патот на напредокот, сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати и пензии, достапни лекови, инвестиции во инфраструктурата, членството во НАТО и ЕУ, патот кој носи повеќе пари кај граѓаните, стабилност, безбедност, раст и развој“, се вели во најавата од СДСМ за утрешната трибина.