ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Илjадници Бразилци протестираа против претседателот Болсонаро по отворањето истрага за корупција со вакцини

July 4, 2021 10:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници Бразилци синоќа излегоа на улиците на повеќе од 110 градови низ земјата против политиката на претседателот Жаир Болсонаро за коронавирусот, откако Врховниот суд дозволи да се отворат истраги против него за наводи за корупција поврзани со нарачки за вакцини, јави ДПА, пренесе МИА.

Демонстрантите повикаа и на забрзана кампања за вакцинација, јави бразилскиот портал за вести Г1.

-Оваа влада веќе уби повеќе од 500.000 луѓе како резултат на политичките заблуди, лажни вести, лаги и сега овој апсурден скандал со корупцијата со вакцини, изјави една од демонстрантите, лекарот Патриша де Лима Мендес.

Ова е трет ден на мобилизација од крајот на мај со барање за заминување на Болсонар од функцијата, кој е обвинет за лошо управување со пандемијата на коронавирусот, што веќе однесе повеќе од 500.000 животи во земја со 212 милиони жители.

„Геноцидниот Болсонаро“, „Не е негативизам, тоа е корупција“ или „Да за вакцините“, се само некои од натписите што ги носеа десетиците изјади демонстранти во центарот на Сао Паоло.

-Луѓето преминаа од протестирање преку Интернет до протестирање на улиците. Најновото барање за отповикување и информациите за корупција придонесоа за тоа, изјави демонстрантката  Ана Клаудија Лима.

Болсонаро е осомничен за игнорирање на сомневање за корупција покренато од службеник на Министерството за здравство.

Сведочејќи пред Анкетниот комитет на Сенатот (МКС), службеник на Министерството за здравство рече дека бил подложен на „нетипичен притисок“ да одобри увоз на дози на индиска вакцина „Коваксин“, што тој ги сметал за премногу високи. Службеникот навел дека договорот за вакцини бил вреден повеќе од 300 милиони долари. Исто така, се наведува дека цената од 15 долари била највисока што досега Министерството за здравство било подготвено да ја плати за една доза.

Судијката Роза Вебер го одобри барањето на канцеларијата на Јавниот обвинител да ги разгледа обвинувањата за корупција против Болсонаро поврзани со нарачката на 20 милиони дози од индиската вакцина „Коваксин“ против Ковид-19, јави агенцијата Бразил.

Група сенатори поднесе кривична пријава против Болсонаро под сомнение за злоупотреба на службената положба поради игнорирањето на сомневањето за корупција, пренесува ДПА.

Во пријавата за истрага се наведува дека Министерството за здравство ја нарачало вакцината, произведена во Индија, пред таа и да биде одобрена во Бразил.

Пратеник, брат на поранешниот службеник на Министерството за здравство, сведочеше дека го известил Болсонаро за овие недоследности.

Во меѓувреме, бразилската Влада, која оваа недела го прекина договорот за купување на дозите на вакцините „Коваксин“, даде неколку верзии на случајот.

Болсонаро се изјасни дека не знае за ваквите неправилности.

Индиската компанија „Барат биотех“ соопшти дека цената на доза од вакцината „Коваксин“ за странските влади изнесува меѓу 15 и 20 долари, а цената за Бразил е во овој дијашазон.

Договорот за „Коваксин“, исто така, неодамна беше во фокусот на парламентарниот истражен комитет кој ги разгледуваше дејствијата и пропустите на Болсонаро во пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, отворањето постапка за импичмент против него зависи од претседателот на Домот  на пратеници – кој се смета за сојузник на владата на Болсонаро.

Next Post
Тања Фајон европратеничка од Словенија Фото: Принтскрин

Фајон: Разочарана сум од егоизмот и себичноста на Бугарија

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk