„Дека Томислав Кежаровски требало да им се придружи на протестот на медиумските џелати од МАН е грозоморна мисла што може да произлезе од некого без ниту трошка човечанство.
За потсетување, невиниот Кежаровски беше уапсен во неговиот дом, пред сопругата и малолетната ќерка, со калашњикови, како да е најопасен терорист, што остави длабоки психолошки трауми на него и на неговото семејство.
Кежаровски доби ужасно нехуман третман, психофизичка тортура, забите му испопаѓаа, го направија коска и кожа.
Сето тоа време вмровските курири – медиумските џелати од МАН, предводени од Латас и Ивона, ширеа лаги и невистини и предвреме го осудија Кежароски.
Со и заради нивните лаги и пропаганди тие директно го стрпаа невиниот Кежаровски во затвор.
Со и заради нивното крвничко осудување на невин човек пред судската пресуда воопшто да биде изречена, тие извршија атентат на неговиот лик и дело, но и атентат на слободата на говор и демократијата.
Медиумските џелати сè уште го применуваат тој начин на злоупотреба на медиумската моќ.
Тие сè уште шират лаги, манипулираат со јавноста за да одработат за нивните финансиери така што ќе ја убијат слободата.
Со начинот на делување покажуваат дека кога би можеле, кога би ја имале поддршката од системот, тие повторно и без размислување би му го сториле истото на Кежаровски, како и на секој неистомисленик на нивните сопственици, тие би го сториле истото на слободата, на демократијата.
Затоа, единствено здраворазумно однесување е ниту Кежаровски, ниту кој било што ја цени слободата, да не даде поддршка на вечните манипулатори и крвници на слободата.
Изборот за секој чесен општествен чинител е јасен: секогаш против злонамерните медиумски џелати, колку и да се заштитени како бели мечки.“
Пишува Кристина Костова на нејзиниот Фејсбук профил.