ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на Дубровник форумот ќе говори на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: Како да ставиме крај на карантинот?“

July 10, 2021 09:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на вториот ден од традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”, ќе биде говорник на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, а во агендата има и повеќе билатерални средби со високи претставници, учесници на форумот.

Како што најавија од МНР,  министерот Османи ќе ги претстави погледите на Република Северна Македонија во однос на актуелните случувања поврзани со евроатлантската перспектива на земјата и регионот на Западниот Балкан.

Османи вчера пред почеток на Дубровник форумот, оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот, Метју Палмер и со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во МНР на Германија.

На средбите, како што соопшти МНР, било разговарано за стратешкото партнерство на Северна Македонија во евро-атлантската заедница, клучните реформски процеси, како и поддршката во таа насока и за следните чекори во однос на европските перспективи на земјата.

На состанокот со високиот претставник од САД, Метју Палмер биле реафирмирани заклучоците од високиот панел во рамките на Преспа форумот за дијалог, а каде лично со свое присуство беше и специјалниот претставник Палмер.

– Засилената обнова на трансатлантските врски, засилениот фокус на САД во однос на земјите од Западен Балкан, но и продлабочувањето на Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД преставуваат заеднички геостратешки интереси кои остануваат важен приоритет во рамките на нашата надворешна политика, изјавил Османи на средбата.

Тој истакнал дека САД се особено важен стратешки партнер на Северна Македонија и нивната долгорочна визија за стабилен, просперитетен и интегриран регион во евроатлантските рамки е сериозен двигател на реформските процеси во овие земји.

– Оваа визија станува уште поцврста ако се има предвид фактот дека истата ја делат и нашите европските сојузници и придонесува кон приближување на земјите од Западен Балкан кон членство во Европската унија, нагласил Османи.

На средбата со Забине Штер, во фокусот на разговорот била европската перспектива на земјата, но и регионалниот аспект особено Берлинскиот процес, последните заклучоци што се донесоа во рамки на оваа иницијатива и активности што следат за нивно преточување во конкретни проекти.

извор: МИА

Next Post

Состојбата со Ковид-19 стабилна, нема дополнителни рестриктивни мерки, интересот за вакцинација се зголемува

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk