Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ каде што е предвидена изградба на висококатници, затоа што, како што вели, била формирана стручна комисија и Министерството нема надлежност да менува планови на која било општина. Истакна дека со новиот закон за легализација дополнително регулиран делот за заштитените подрачја.
Процесот на масовна имунизација против ковид 19 се одвива непречено и со засилено темпо низ целата држава, вели Соња Михаиловска, претседателка на Комисија за здравство на СДСМ и пратеничка. Сега, секој граѓанин, без разлика дали има закажан термин за вакцинација или не, може да се вакцинира во некој од здравствените домови.
Интензивно продолжуваат подготовките за теренскиот попис, што ќе се спроведе во септември оваа година, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција. Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, нагласи Арсовски.
Во упатството за употреба за политичката релевантност на Апасиев од Левица, нема да најдете конкретни одговори на ни едно важно прашање. Но, дали навистина е потребен „мануел“ за употреба, за да се види сета негова политичка дисфункционалност?- пишува ЈАНЕ ЃОРГИОСКИ.
Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Присутни се два, три соја на вирусот, вакцинацијата и превенцијата важат за сите соеви, додаде.
М. Миткоска





