ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци

July 14, 2021 17:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески.

Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во повеќе улоги – како статист, коњаник, а една година бил и стар побратим.

– Доста ми се познати обичаите и, како што поминуваше времето, сè повеќе се гледав како зет на Галичката свадба. Не може да се опише чувството да се биде дел од оваа богата македонска традиција. Одговорноста е голема да се следат сите обичаи и да се испочитува сето она што ни го оставиле нашите предци, рече годинашниот галички зет Филип Бундески.

Катерина Илиевска изјави дека е почестена што годинава таа е галичка невеста и е горда што ќе биде дел од вековната традиција. – Галичката свадба е една од најавтентичните на Балканот, па и пошироко. затоа со радост го исчекуваме викендот во кој ќе ги испочитуваме нашите предци, нашата традиција. Сигурна сум дека сите заедно убаво ќе си поминеме викендов во Галичник, рече Катерина.

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка на Министерството за култура, Галичката сцадба ќе се одржува претстојниот викенд (17/18 јули). Ќе почне в сабота со традиционалното китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“. Обичаите продожуваат в недела кога е и венчавката на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“.

Во пресрет на свадбата, вечерта в петок во Галичник концерт ќе има групата „Љубојна“, која на платото пред чешмата Упија ќе изведе изворни песни од Мијачкиот крај. Ќе настапат и групите „Тоа е тоа“ и „БендОфф“.

Среќен и долг заеднички живот на годинашните младенци и успешно издание на манифестацијата им посака министерката за култура Ирена Стефоска која се осврна на традицијата на најпознатата македонска свадба што со векови за Петровден ги собирала печалбарите во родниот крај.

– Јули бил месец на солзи радосници во Галичник. Имало ли поубав ден за целото семејство од мигот кога стопанот ќе стапнел на прагот по месеци и месеци на печалба. Зурлите и топаните ги чекале свадбите и свадбарите. И така со векови. Оваа традиција е сочувана и стана наше драгоцено нематеријално културно наследство. Министерството за култура, како и досега, останува силен поддржувач и промотор на оваа манифестација која го чува и збогатува нашиот надалеку препознатлив македонски фоклор, рече министерката Стефоска.

Програмата на Галичката свдба на прес-конференцијата ја соопшти Александар Костиќ од Месната заедница „Галичник“, која е организатор на настанот, заедно со претставници на спонзорот – „Пивара“ Скопје, кој ги обезбеди пијалаците за свадбарите. 

Костиќ соопшти дека за посетителите ќе има правила за оставање на отпадот, како и посебен режим во ообраќајот –  забрана за паркирање околу локациите на настанот во сабота и недела (црквата „Св. Петар и Павле“, Упија, Куќата на Лукановци од каде што ќе се земе невестата).

Забрана за моторни возила низ Галичник ќе има в петок од 20 часот до 1 по полноќ, в сабота од 18 до 22 часот и во недела забраната ќе важи од  7.30 до 15 часот. Во овие термини автомобилите ќе може да се паркираат на местото Селска ливада, еден километар пред Галичник, а Месната заедница „Галичник“ има ангажирано комбиња кои ќе ги превезуваат посетителите.

– Сите контејнери за отпад овој викенд ќе бидат дисплоцирани од Галичник и ќе бидат поставени мали канти кои ќе се користат само за пластика и за лименки. Ги замолуваме сите кои имаат неопходна потреба за депонирање отпад, тоа да го сторат во камионот на ЈКП „Маврово“ кој ќе биде на располагање на околу 500 метри пред Галичник. Апелираме до сите галичани и посетители да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот, рече Костиќ.

извор: МИА
Next Post

Отворен повик за волонтери, продуценти и автори за 12. МакеДокс, Патувачкото кино ќе паузира до септември

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk