ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извештај на ОН: Централната и локалната власт сè повеќе ја вклучуваат родовата перспектива во политиките

July 15, 2021 17:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Колективното застапување и експертиза на ОН го поддржаа напредокот на земјата во исполнувањето на обврските за родова еднаквост. Новите закони за спречување и заштита од дискриминација и за насилство врз жените се усогласени со меѓународните стандарди за човекови права, ЦЕДАВ и Истанбулската конвенција на Советот на Европа, се вели во извештајот на Обединетите нации за Република северна Македонија во 2020 година.

-Со поддршката на ОН се зајакна  застапувањето и се создадоа посилни сојузи меѓу жените и теренските организации и националните и локалните власти за вклучување на родовите перспективи за родова еднаквост и соодветната национална стратегија и план за дејствување, како и за новите инкриминации во врска со жените и државно финансираниот надоместок за жртвите на сите форми на насилни кривични дела, вклучително и РБН и СН. ОН, исто така, ја поддржаа Владата во подготовката на вториот Национален акционен план (НАП) за Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН, од Агендата за жени, мир и безбедност, со стратешка рамка и оперативни планови за нејзиното спроведување, се вели во извештајот.

Според ОН застапеноста и учеството на жените во политиките и донесувањето одлуки се зголемија на национално и на локално ниво, меѓутоа, жените се застапени на ограничен број јавни функции и позиции на високо ниво. Централната и локалната власт сè повеќе ја вклучуваат родовата перспектива во политиките, програмите и буџетските распределби во повеќе сектори. Со поддршка на ОН, 14 министерства и 21 општина креираа родово-базирани политики и буџети, и по прв пат во нацрт-законот за буџет се вклучени родово одговорни принципи.

-Гласот на маргинализираните и исклучени жени, особено оние кои се соочуваат со интерсекциска и повеќекратна дискриминација, злоупотреба и насилство, стана повидлив преку застапување и подигање на свеста. При подготовката на родово сензитивен одговор на пандемијата, креаторите на политиките се потпираа на информациите од Брзата родова проценка за КОВИД-19, Студијата за мапирање на влијанието на КОВИД-19 врз социо-економската состојба на жените на локално ниво и анализата за родова прераспределба на буџетот, се вели во извештајот.

ОН ги оспособија давателите на услуги да применат мултидисциплинарен пристап со фокус на жртвите во справувањето со сите форми на насилство врз жените. Нови протоколи, две дополнителни прифатилишта, дигитални и иновативни решенија, како што е мобилната апликација „Биди безбедна“ за подигнување на свеста и пријавување на РБН и онлајн платформата за студентите да ја споделуваат својата работа на насилството врз жените и СН беа користени за поефективно да се надмине пандемијата во сенка со насилство врз жените.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk