ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За вакцинација пријавени над 1.600 деца и млади, обезбедена најсовремена терапија за пациентите со Ковид-19

July 16, 2021 09:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно 1.623 деца и млади покажале интерес за вакцинирање, информираа за МИА од Министерството за здравство. Во земјава се активни 225 случаи на заразени со Ковид-19, а од вчера во државав е на располагање и најсовремената терапија за лекување од ворусот. Вакцинацијата, според здравствените власти, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани, а ревакцинирани 259 894.

Децата и младите од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8 306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астра/Зенека.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.866 тестирања, регистрирани се 26 нови случаи со Ковид-19. Регистрирани сe седум оздравени пациенти, а не се регистрирани починати пациенти.  Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487. Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.

Како што соопшти Министерството за здравство, вчера пристигнал најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид-19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА). „Казиривимаб и Имдевимаб“ (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид-19, стои во соопштението.

– Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји – членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од Ковид-19, реализиран од страна на Светска банка, обезбедени се средства за оваа набавка. Примената на методот на лекување за нашите пациенти, со оваа терапија во моментов не прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид-19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти, посочуваат од Министерството.

Next Post

Промовирана книгата „Тетовскиот говор“ од Дарко Гавровски

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk