Вечниот опортунист
Алкохоличарот што рекламираше сок.
Коцкарот што рекламираше како да земеш кредит, реши после 15 години да напише песна – демек политички ангажирана?! Добро е тоа.
Добро е како уметник да имаш став.
Во времето на никола тој немаше став.
Ниту песна. Ниту да бекне.
Сега ете прилично бесно, гневно, пцуе во неговата песна.
Ама пак, како и секогаш, не е јасно кого?! Многу (не)вешто, недокажано сака да си направи добар терен, што би рекле отстапнина, при евентуална промена на власта. Ако некој сега го праша на што мислел, сигурно е дека ќе одговори со некакви “Филозофски” приказни и никако нема да каже дека ја пцуе власта поради промената на името и знамето.
И при промената на власта би го дал истиот одговор, со таа разлика што песната, на сегашната опозиција ќе им биде химна, па така нема ни да има потреба да го прашаат.
Не знам што му беше ова потребно?!
Дали другар му Шанац и другарка му Бејбе го повратија влијанието кое го имаа врз него па му кажаа да напише нешто?! Чудно е што дванаесет години ништо не му пречеше?! Чудно е како за дванаесет години не доби никаква инспирација да напише нешто против онаа власт?
Во секој случај плитка песна, пукање во празно (да не речам во колено) на некогашниот шоумен и (малку) актер Игор.
Живели…
Пишува активистот Владимир Кочовски на својот Фејсбук профил.
Видео спотот за „И племето и семето“