ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера во Прилеп – „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечерва во 20 часот ќе ја изведе третата  премиера оваа година –  „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец

September 28, 2019 13:25
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечерва во 20 часот ќе ја изведе третата  премиера оваа година –  „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец

Еден од најпознатите текстови на Крлежа, кој говори за пропаста на хрватско капиталистичко семејство и за „расипаноста“ и пропаста на еден цел сталеж, што е во корелација и со актуелните состојби, Брезовац го поставува на прилепската сцена и вели дека наишол на одлична екипа. Претставата во Прилеп и во земјава доаѓа три месеци по премиерата во Загреб.

-Вторпат режирам во Прилепскиот театар. Пред девет години ја работевме претставата „Антица“ со целиот ансамбл на театарот. Оваа претстава е сложена. Тоа е најзначаен текст на Крлежа и во Хрватска е „канонски“ текст. Секогаш се поставува прашањето кои актери ќе ги играат улогите. Пред 12 години во Риека, претставата ја поставивме со улогата на бароницата Кастели доделена на Северина, повеќе како мјузикл, на граница беше од класична претстава, со музиката на Марјан Неќак. Но секогаш за овој текст се потребни актери со посебна актерска концентрација. Претставата „Глембаеви“ пред три месеци ја работевме во Загреб, а еве сега и во Прилепскиот театар, но со битно различен контекст. Во текстот станува збор за „измислена“ хрватска буржоазија. И музиката во претставата е приспособена на македонскиот мелос. Дејството е подигнато на нивото на една античка трагедија. Затоа екипата во Прилепскиот театар е посебна и на високо ниво. За еден месец и половина направивме она што не верувам дека во Хрватска ќе го постигневме. Екипата навистина е одлична и сиот ангажман служи на чест и се е на едно неверојатно, велам, на европско ниво, објаснува Брезовец.

Како продолжување и како копродукција, е втората премиера на 7 октомври во Прилеп со хрватски актери кои ќе играат заедно со прилепските. Во тој проект се спојуваат загрепската премиера која беше во јуни и оваа, прилепската на „Глембаеви“. Двата ансамбла вклучуваат над 15 актери кои ќе направат нова верзија под наслов „Глембаеви – уште една легенда“ во што ќе бидат вклучени раните драми на Крлежа. Ќе се измешаат ликовите од минатото и сегашните Глембаеви и ќе се измешаат стварноста и фантастиката.

Актерите од Прилепскиот театар Андон Јованоски, Зоран Иваноски и Даниела Иваноска, носители на главните улоги, велат дека искуството од работата со режисерот е непроценливо.

-Секој актер посакува да работи со голем режисер како што е Брезовац. Работевме напорно и чесно целата екипа, со разбирање, рече  Јованоски.

-Го играм ликот на Леоне Глембај. Имам поврзаност со ликот зашто полагав приемен на ФДУ со монолог од ликот на Леоне Глембај. Секогаш ликот бил во врвот на улогите кои сакав да ги играм. Ми се врати таа љубов во театарт која иозвесен период ја загубив и среќен сум што со претставата се отвора ново поглавје во Прилепскиот театар, со луѓе кои сакаат да направат од театарот нешто, изјави актерот Иваноски.

Актерката Даниела Иваноска го толкува ликот на бароницата Кастели-Глембај, за која вели дека е посебен лик во театарската уметност, со  епитет на неморална жена. – Во овој концепт ликот е жена со емоции, со љубов и со потреби, рече Иваноски.

За актерот Трајче Иваноски како гостин во претставата е најбитно што фасцинира енергијата на прилепскиот ансамбл. -Проклетството на големите фамилии трае од искона до денес, а сега уште повеќе. Направени се големи фамилии со убиства, криминал, корупција. темата е многу актуелна. За мене е фасцинантна актерската екипа. Прекрасна актерска енергија која одамна ја немам видено во Театарот. како гостин-актер, пензиониран, уживав во пробите и во актерските креации, рече Трајче Иваноски.

Во актерската екипа се и: Ангела Наумоска, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Игор Трпчески и Ана Митоска-Стојаноска. Претставата утревечер ќе има претпремиера и ќе се игра на мала сцена. Музиката е на композиторот Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, костимите ги изработи  Сузана Брезовец.

На 7 октовмри е закажана премиерата на втората претстава „Глембаеви – една нова легенда“ со хрватски актери. Оваа е трета премиера годинава на прилепскиот ансамбл. До крајот на годинава ќе има и една комедија во режија на Коле Ангеловски и детска претстава со финансиска поддршка на Прилепскиот театар.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk