Наставниците од општина Ѓорче Петров да не употребуваат мобилни телефони на час. Градоначалникот Александар Наумовски даде такво задолжение, и доколку некој не го почитува ќе се соочи со дисциплинска мерка. Како што соопшти Наумовски, целта на оваа одлука е непречено да се одвива наставниот процес, а мерката ќе почне да важи во второто полугодие.
Наумовски преку фан страната на Општината, преку видео запис, информираше дека наставниците за потребите на наставата нема да бидат спречени да користат друга информациско-комуникациска технологија.
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=2457022941226766
Мобилните телефони на учениците ќе бидат исклучени и ставени на одредено место за време на часовите, што значи дека ќе можат да ги носат во школо, но не и да ги употребуваат за време на наставата.