Поради појава на магла видливоста во сообраќајот на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Скопје, Скопје – Катланово – Велес, Велес – Катланово – Скопје и Тетово – Гостивар е намалена на 50 до 100 метри, Тетово – село Гајре до 30 метри, Неготино – Демир Капија од 150 до 200 метри, Кичево – Охрид и Кичево – Македонски Брод од 100 до 150 метри и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, пренесе МИА.
Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk