ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Поради изјавата за Гоце Делчев, Ковачев го нарече Пендаровски „заведен“ и „неписмен“

Пендаровски: Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго освен Бугарин

September 28, 2019 13:35
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со остри зборови, европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго освен Бугарин“. Ковачев рече дека исказот на македонскиот претседател е навредлив и за македонските Бугари и нивните предци што живееле „во тие земји“, како и се сегашните македонски Бугари.

„Ужасна е некомпетентноста на претседателот Пендаровски – или некој го завел или тој самиот е неписмен. Свесен сум какви политички цели следат. Не сакаат да ја признаат историската академска вистина. Тие се во тешка политичка криза – владата е под голем притисок од опозицијата за предвремени парламентарни избори, за тоа што ќе се случи во октомври во Брисел – дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори за зачленување во ЕУ и се обидуваат да ја зацврстат поддршката од македонското општество за нив“, рече бугарскиот пратеник во Европскиот парламентво емисијата „Ова е Бугарија“ на бугарското радио „Фокус“.

Ковачев вели дека Бугарија не сака да го менува етничкото самоопределување на Македонците „зашто тие имаат право на тоа“ но не чини да ја одрекуваат и да ја манипулаираа историјата на нивните претци“.

„Ако се продолжи по истиот пат од времето на Титова Југославија и по ова, не се знае колку бргу Северна Македонија би можела да се интегрира во ЕУ“,  вели Ковачев.

Претседателот Пендаровски инаку предизвика поприлична контроверзија во Македонија, а пофални реакции во Бугарија (вклучително и од европратеникот Андреј Ковачев) во јуни, кога во емисијата „360“ на Алсат – М рече дека Гоце Делчев се изјаснувал за Бугарин, ама се борел за самостојна македонска држава.

„Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија“, рече Пендаровски.

Извор: МЕТА

Next Post

Американски компании ќе инвестираат во земјава

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk