ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

July 23, 2021 17:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување на обврските и да се завршат експресните патишта, регионалните, локалните, да финишираат работите на големите системи за наводнување, канализационите мрежи. Сите проекти се од огромен интерес за граѓаните бидејќи дојдоа како резултат на нивните барања. Така е и со регионалниот пат Пробиштип – Крупиште кој е веќе во употреба на огромно задоволство на граѓаните на Пробиштип, Злетово и на другите населени места од регионот“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на увид на рехабилитираниот патен правец Пробиштип – Крупиште.
Премиерот Заев рече дека овој градежен потфат е од посебно значење и ја олеснува работата на компаниите во регионот на Пробиштип и Злетово каде што се фабриката за акумулатори „Таб-Мак“ и рудниците „Злетово“ и „Стрмош“, сите странски инвестиции.

„Го слушнавме гласот на граѓаните и тие денеска имаат современ регионален пат кој ги поврзува со експресниот пат Штип – Кочани и со тоа им е олеснета комуникацијата со овие градови, како и со останатите градови на истокот и југоистокот на државата. Тука се и неколкуте конфекции, а голем број работници од овие градови и околните населени места секојдневно патуваат до штипските конфекции и сега тоа го прават по нов, современ патен правец“, истакна премиерот Заев и додаде дека тоа е огромен потенцијал за развој на нови поврзувања низ бизнис иницијативи.

„Сега од Пробиштип до Скопје преку сосема нова и модерна патна инфраструктура се стигнува за 45 минути. Изградбата, реконструкцијата и рехабилитацијата на патиштата останува еден од нашите стратешки приоритети заради брз економски развој и на овој регион, но и на целата држава“, заклучи премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потенцираше дека Владата вложува преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура низ целата држава со цел граѓаните да возат побезбедни и модерни патишта.

„Овде, во Источниот регион изградивме нова и квалитетна патна мрежа. Речиси и да нема патен правец кој не е рехабилитиран. Регионалниот пат од Крупиште до Пробиштип е со должина од 18 километри за што инвестиравме 3,4 милиони евра за негова рехабилитација. Овој пат сега се поврзува и со експресниот пат од Штип до Кочани и преставува една целина преку кој граѓаните значително го намалуваат времето на патување“, рече министерот Бочварски и додаде дека активно се работи во Источниот регион.

„Ја изградивме автопатската делница Миладиновци – Штип. Ја изградивме првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, а до крај на годината очекуваме да ја пуштиме во употреба и втората фаза од Крупиште до Кочани. Исто така ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, очекуваме септември да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш, а делот од Три чешми до Штип да биде завршен веќе следната година.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека патниот правец Крупиште–Пробиштип е важна сообраќајна артерија за граѓаните на Пробиштип кон Штип, Кочани и граничниот премин со Бугарија кај Делчево.

„Рехабилитацијата и реконструкцијата  на регионалниот пат Пробиштип–Крупиште, која што е во должина од 18 километри е финансирана преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а вредноста на ова делница изнесува 3,46 милиони евра. Со завршувањето на асфалтирањето, со поставувањето на еластична одбојна ограда и хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација, овој патен правец целосно е рехабилитиран“, објасни Рустеми и додаде дека во процес на рехабилитација и санација се повеќе патишта во североисточниот регион кој е индустриски, општествен и административен центар.

Next Post

Шахпаска за „Коха“: Со законската мерка „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk